Невладините против светско првенство во трка со моторни чамци во Поградец

Преку 50 здруженија и институции од Охрид и Македонија и од Албанија покренаа иницијатива за стопирање/спречување на одржување на настанот F1H2O кој е планирано да се реализира на Охридското езеро, во Поградец, Албанија во периодот од 2-7 јули 2024 г.
F1H2O е светско првенство во трка со моторни чамци со високо туражни мотори кое најчесто, заради негативното влијание врз животната средина, живиот свет и екосистемот се одржува на големи водени површини (мориња, океани).
Според проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот, а обработени од страна на стручни лица од областа на заштита на животната средина, за време на овој настан ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото. Оваа количина на емисии, која ќе биде ослободена за неколку дена, е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 365 автомобили возени цела година. Исто така ќе бидат потребни 4.300 м2 паркинг простор за да се сместат 43 тимови или 129-172 камиони; стартната платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона (местото за гнездење на рибите).
Ова се само дел од негативните влијанија кои можат да бидат предизвикани како последица на одржувањето на ваков настан на Охридското езеро, а повеќе детали за настанот, иницијативата и останатите активности предвидени за спречување на истиот, штетите кои можат да бидат предизвикани врз животната средина и Охридското езеро, ќе бидат презентирани на прес средбата со новинарите од страна на претставници на НУ Хидробиолошки завод Охрид, претставници на граѓански здруженија од Македонија и Албанија.

Средбата ќе се одржи на 16/01/2024 г. (вторник) во хотел СУ (Rooftop ресторанот), со почеток во 12 ч.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани