Нови поторни ѕидови се градат во Кошишта и Месокастро со цел стабилизација на земјиштето.
Зафатот има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти, информира градоначалникот Пецаков.
Изведувач на активностите е фирмата „Бокоп“ , а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.