Одбележани 116 години од смртта на Марко Бошњаков

Делегација на   Општина Охрид положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на  Марко Бошњаков, а  по повод 116 години од неговата смрт.

Охридскиот гемиџија Бошњаков e роден во 1874 година. Основното образование го стекнал во родниот Охрид, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун.

Измачуван, умира од маларична треска во затворот Музрул во Африка на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.

Пред смртта Бошњaков на своите  другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков, му ја отсекле главата и ја донеле во Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани