Непосредниот контакт со донаторите, квалитетот и квантитетот на подготвени и аплицирани проекти секогаш даваат резултати.
За новата буџетска година обезбедени се средства за реализација на неколку проекти:
. Реконструкција (бетонирање) на главен канал за наводнување;
. Набавка на ново специјално возило за собирање на комунален отпад од домаќинствата за потребите на ЈП ЕРЕМЈА – Вевчани;
. Реконструкција на локална улица на потегот од раскрсница Попој до Смолејца;
. Реконструкција на внатрешната дограма во објектот на детската градинка ЈОУДДГ “ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ” – Вевчани и инсталирање на нов систем за затоплување на објектот со енерегетски ефикасни топлотни пумпи;
По завршување на потребните административни процедури во првата половина од 2024 година ќе се започне со реализација на овие проекти.