Општина Охрид објави јавен повик до доверителите

Објавен Јавен повик до доверителите на Општина Охрид за пријавување на неплатени побарувања по основ на судски и извршни решенија.

-Се повикуваат доверителите на Општина Охрид да ги пријават неплатените побарувања по основ на судски и извршни решенија. Рокот за пријавување на побарувањата е седум работни дена од денот на објавување на Јавниот повик. Право на пријавување на побарување имаат сите доверители за доспеани, а неплатени обврски по основ на правосилни судски решенија или друга извршна исправа или по друг основ, доставени за наплата до трезор при МФ, заклучно со ноември 2023 година со цел спогодбено утврдување на износот, стои во повикот.

Можно е да е слика од одрезок од билет и текст

Можеби е илустрација на текст

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани