Охрид достоинствено ќе го одбележи заштитникот на градот -Свети Климент Охридски

Со низа свечености Охрид ќе го одбележи патронот на градот, Свети Климент Охридски. Подготовките се во завршна фаза. Годинава  Охридската гимназија која годро го носи името Светиклиментово  ќе биде носител на свечената акадмеија по повод празникот на 08 декември.

Денот во чест на првиот македонски архиепископ, и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа,најзначајниот средновековен писател и педагог. Свети Климент со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно и книжевно стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

– „Заеднички со општина Охрид како централна манифестација  го имаме во делот на програмата и всушност сценската изведба, хорот, оркестарот водителоте се она за што сме задолжени ние како средно училиште се надеваме дека ќе биде во најдобра презентација и слика“, вели  професор Перчо Божиноски, воедно и заменик градоначалник на општина Охрид.

Голем е интересот за објавените конкурси за творби и од страна на општината и од охридската гимназија.

-„Конкурсите се за литературна творба. Ликовна и музичка тврба на слободна тема. Учениците може да конкурираат во сите три категорија се доделуваат три награди со парична вредност, така што учениците добиваат дополнителна мотивација. Тие дела понатаму ќе бидат презнетирани во спиаснието Јужен бран кое традиционално излегува секоја година по повод патрониот празник, додава професорот Перчо Божиноски.

На свечената академија , традиционално  ќе бидат доделени и највисоката општинска награда  Светиклиментовата награда за животно дело, но  и Повелбите Свети Климент Охридки,  кои ги доделува советот на општина Охрид.

Охриѓани достоинствено и со особена гордост го слават заштитникот на градот.

Целата програма

Можно е да е слика од текст

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани