Во рамките на Еразмус проектот Go green include me in, 14 ученици од нашата Гимназија ОСУ “Св. Климент Охридски” под раководство на професорките Надица Николоска Филипоски и Александра Томоска изработија видео како дел од кампањата за заштита на Охридското езеро и водените површини од климатски промени. Тие заедно со соученици од Белгија, Шпанија и Турција снимаа на различни локации и изработија и постери и летоци на истата тема кои ги поделија на случајни минувачи на градскиот плоштадот во Охрид.