Охрид домаќин на седмиот Македонски психијатриски конгрес.
Градоначалникот Пецаков, ги поздрави гостите на настанот.
-Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија.
Вашата работа драги колеги, е од фундаментално значење за медицинската наука, во совладувањето на еден од најтешките проблеми со кои се соочува човештвото, за подобро здеавје на поединецот и пошироката заедница.
Ви благодарам што го избравте Охрид за место на одржување овој конгрес и Ви посакувам успешна работа, рече Пецаков во своето обраќање на конгресот.