Охрид се сеќава, 13 години од потонувањето на бродот „Илинден“

Охриѓани денес се присетуваат на кобниот петти септември, кога пред тринаесет години се случи најголемата бродска несреќа во историјата на Охридското езеро. Беше топол септемвриски ден, сончево , а езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи големата трагедија.

Несреќата се случи утрото во 10 30 часот, бродот кој превезуваше 57 патници, бугарски туристи на релација Охрид- Сети Наум се преврте и потона на 250 метри од брегот на езерото, кај автокампот ‘Елешец‘. Починаа 15 бугарски туристи.

Трагедијата имаше и судска разврска. Капетанот на бродот „Илинден“Сотир Филески, кој го жртвуваше својот живот во битката да спаси што поголем број патници, беше осуден на една година затвор. Затворска казна за несовесна оценка на техничката исправност на бродот доби и Бранко Баиќ, претставникот на германската осигурителна копманија ЛОЈД.

Секоја година на овој ден делегација на општина Охрид и Бугарија полагаат цвеќе пред споменикот на жртвите во бродската трагедија.


Од 5 септември 2009 година до денес преземени се низа мерки и активности со кои е подигната безбедноста во водениот сообраќај.

Бродот „Илинден“ беше изграден во далечната 1924 година, од потонувањето до денес, стои вкотвен, како нем сведок на солзите, тагата и врисоците на жртвите во најголемата бродска трагедија во земјава.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани