Охриѓанец осомничен за извршена кражба.
На 06.09.2022 во 03.05 часот во СВР Охрид, лишен од слобода е Б.Т.(34) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари во различни валути и апоени, златен и сребрен накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. СВР Охрид работи на целосно расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.