Двајца охриѓани се степале на улица.
На 17.08.2022 година околу 09.30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Д.(46) и Џ.Ш.(47), двајцата од Охрид. При преглед извршен врз И.Д. полициските службеници пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на СВР Охрид.