Партиски препукувања на тема реконструкција на средните училишта во Охрид

ОО на СДСМ денес упати низа обвинувања до локалната власт за реконструкцијата на орхридската гимазиија.

Охридкста гимназија  е рак рана за охриѓани и кој дефинитивно не само што од лани ја ужаснува сликата за Охрид и во сончеви, а особено во врнежливи денови, не само што претставува опасност за децата и вработените туку ја претставува и кристално јасно сликата за владеењето на Мицкоски и неговите кадри. Вака владее ДПМНЕ со Охрид-… хаотично, без ред и поредок.Еве вака сака да владее Мицкоски со народот, бидејќи Мицкоски и неговите кадри само ова го умеат.Веќе еден месец помина откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ЌЕ БИДЕ, ЌЕ СЕ СРЕДИ. Но и по еден месец ископините се’ уште стојат, учениците се ‘ уште со страв поминуваат, вработените се’ уште се убедувани дека ќе ја биде работата. Нема време кадарот на Мицкоски да поработи на решавање на проблемот. Времето им е скапоцено и единствено треба да се искористи за промовирање на лажна близина со народот, за манипулативни ветувања и на своите членови, за навреди на политичкиот опонент, за надеж дека ќе дојдат на власт мислејќи дека доволно го натераа народот да им верува.Но фактите не им одат во прилог: слаткоречивите Мицковисти, почитувани,  не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат,  а не пак држава да водат, стои во денешната партиска реакција на СДСМ.

Од општина Охрид возвратија. Велат критикуваат за реконструкцијата на Охридската гимназија, а три години учениците од угостителското училиште ги оставија струката да ја учат ОНЛИНЕ!

-Полна уста зборови, а сепак ништо не кажано. Така може да се окарактеризира денешното соопштение на СДСМ Охрид. Постојано повторувајќи го зборот „факти“ со намера своите манипулации да ги класифицираат како вистини. Но, штом сакаат да зборуваат за факти тогаш ние ќе им ги предочиме фактите кои веќе трета година се обидуваат да ги занемарат. Фактите говорат дека нивната неспособност оди до тој степен што еве веќе трета година се обидуваат да завршат со реконструкцијата на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а крајот на реконструкцијата не е ни на повидок. Дополнително на тоа, нивната неспособност придонесе да направат штета на околните објекти каде ги оштетитиле цевките за парно греење од Факултетот за туризам и угостителство оставајќи го цела зима без парно греење. Нивната неспособност ги принуди учениците од ова училиште од почетокот на учебната година до денес, наставата да ја следат од дома, односно онлајн, што предизвикува непоправлива штета врз нивниот образовен процес. За овој проблем неодмна реагираа и родителите од учениците. Сепак, за да ја сокријат својата неспособност и да се обидат да манипулираат со граѓаните, тие се дрзнале да коментираат за градежните зафати во Охридската гимназија, каде ни еден ден не запрел образовниот процес. Како Локална самоуправа, нам ни е јасно каде е вашата болка. Вашата болка е тоа што градоначалникот Кирил Пецаков, посветено и напорно работи во подобрувањето на условите за одвивање на воспитно – образовниот процес. Ве болат реконструкциите на Охридската гимназија, Средното економско училиште, ЕМУЦ, основните училишта и веројатно она што најмногу ви создава немир е проблемот кој никој претходно не успеа да го реши, а тоа е префрлање во нови современи простории на ОУ „Кочо Рацин“. Вашта пизма и критика треба да си ја насочите кон, како што милувате да кажете во соопштението, вашиот двор како не би правеле дополнителна штета на граѓаните, особено на учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ и студентите од ФТУ, стои во реакцијата на општина Охрид.

Реакција пристигна и од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

СДС, очајни сте, затоа што охриѓани во неделата јасно ви порачаа дека следуваат промени и на централно ниво.

Не можејќи да се помирите со вашата неспособност и неработење, единствен излез барате во манимулации и ширење невистини меѓу охриѓани. Замислете, вие, кои за 4 години локална власт не мрднавте со прст за Гимназијата, вие кои за 8 години централна власт шајка не заковавте, сега се дрзнавте да коментирате за градежните зафати и целосната реконструкција на училиштето. Ја уништивте Гимназијата и сега уште имате лице да коментирате, па кажете што направивте за истата? Има ли поголема небезбедност и страв за вработените, за кои сте вие главни виновници, од тоа што укинавте една паралелка во Гимназијата? Лицемерни сте, затоа што го запустивте Угостителското и го претворивте во партиски штаб, без нималку совест ги оставивте учениците цела година да учат онлајн, а вработените да мрзнат во една просторија. ВМРО-ДПМНЕ започна, и има да ја заврши целосната реконструкција на гимназиската зграда, како со училишниот двор и негово партерно уредување, потоа со внатрешни ѕидови, кров, под и столарија, како и со промена на електричната инсталација. Создавањето услови за подобар воспитно-образовен процес и грижа за сите се наша обврска затоа што ја добивме довербата од охриѓани и никогаш нема да ги изневериме. Колку се грижите за сопствениот двор и обврските на институциите со кои раководите ќе ве потсетуваме, а вие најдобро е уште сега да се скриете некаде, зашто жив срам ќе ве изеде од вашата неспособност и хаосот кој го оставивте, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани