Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид.
На средбата градоначалникот Пецаков им посака успех во претстојната сезона, со желба да продолжат да бидат една убава слика на градот. Претседателот на клубот изрази благодарност за поддршката што Општина Охрид ја на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на градоначалникот со неговото име.
На крајот од средбата сите заедно посакаа повторно да се сретнат во овој состав за да прослават успех во натпреварувачката сезона.