Охридскиот пливачки маратон e oбележје на Охрид, а со неговата долгогодишна традиција постана и државно и светско обележје. Затоа Охридски пливачки маратон треба и мора да се одржи, подвлече на денешната прес конференција градоначалникот Пецаков.
На денешниот координативен состанок ги разгледавме сите можности за одржување на Охридскиот пливачки маратон, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
За оваа година правиме се’ што е во наша моќ за да се одржи маратонот, а за организацијата од наредната година мора да се променат работите бидејќи е очигледно дека ваквиот пристап не фунцкионира.
Она што во моментот е најважно да се обезбеди доволно време за пливачите да може да се организираат и да учествуваат на Охридскиот пливачки маратон, бидејќи без пливачи неможе да се одржи маратонот, додадњ Пецаков.
Нашите напори и заложби продолжуваат и во текот на денов за Охридскиот пливачки маратон и годинава да се одржи.
Детали околу овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.