Повисоки цени во хотелско угостителските објекти

Поскапуваат цените во хотелско-угостителските објекти на брегот на Охридското езеро. Инфлацијата, одмрзнувањето на цените на основните производи, зголемените трошоци и порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето на цените оваа туристичка сезона.

Се работи за корекција на цените на услугите од 5 до 35%, во однос на лани.

„Под тој притисок на разлики во цените, ние мораме да ги покачиме цените. Самата инфлација не доведе во ситуација барем да покачиме за 20% а на одредени артикли може да има покачување и до 35% повисока од претходната година“, вели Муса Рашид, сопственик на хотелско угостителски објект.

Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат и оваа сезона ќе има и пониски и повисоки цени зависно од локацијата, категоризацијата на објектот и услугата. И покрај поскапувањето, двата крајезерски туристички центри остануваат најевтина дестинација, во споредба со соседството.

„Албанија и другите дестинации се покачени цените, ако им ги видите понудите од оваа година се далеку поскапи од минатата година. Особено Албанија, Црна Гора, да не зборуваме за Хрватска и останатите дестинации, значи услугите се многу покачени. Ние пак ќе сме поатрактивни и поевтини од нив“, додава Рашид.

На високите цени во хотелите, кафулињата и рестораните најчесто се жалат домашните туристи, за странците кои и овој празничен викенд уживаат на брегот на Охридското езеро цените се коректни. Според Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во земјава се покачени за 6.3% во однос на лани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани