Повторно на репертоарот претставата „Секс, лаги и љубомора“

Народен театар Охрид по премиерната изведба на фестивалот „Охридско лето“, со претставата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, поради огромниот интерес кај публиката на репертоарот повторно во деновите 6-ти (вторник) и 7-ми (среда) септември 2022 година, со почеток во 20.00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Коле Ангеловски е еден од најплодните македонски режисери.
Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани