Полицијата делеше цвеќиња за Денот на жената

По повод Меѓународниот празник на жената 8. март, денеска припадници на Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид, од отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со РСБСП, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, торбица со логото „Вози одговорно“ и едуативни флаери со совети за безбедно управување моторни возила.

– Со ова, на сите припаднички на понежниот пол, им го честитаме 8 март, искажуваме почит кон жените учеснички во сообраќајот и е во знак на наше приклучување во одбележувањето на овој меѓународен празник. Ги потсетуваме жените возачи да внимаваат при управувањето со моторните возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани