Полицијата и РСБСП со превентивни активности

Од почеток на годинава, СВР Охрид и РСБСП, отпочнаа со реализација на проектни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Притоа, полициски службеници од отсекот за превенција, во рамки на кампањите ,,Користи зимска опрема“ ,,Биди одговорен -не пиј додека возиш“.

Низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила во сообраќајот им укажуваат на неопходноста од внимателно возење спрема условите и состојбите на патот, на можните последици од неприлагодената брзина како и на придржување до законската обврска за носење и соодветна употреба на зимската опрема. Полициските службеници, на возачите им поделија едукативни летоци со корисни сообраќајни совети, информира портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани