По 15 ти пат подарок охридски бисери за туристките од Охрид. Пред педесеттината гостинки од Хрватска денес на плоштадот Долна Порта беше раскажана приказната за оригиналниот охридски бисер, а по повод празникот на жената гостинките добија подароци. Целта на оваа традиционална акттивност на Филеви и туристичките водичи е промоција на Охрид и културното наследство.
-„Овие промотивни активности кои ги правиме можам да кажам дека многу значат не само за охридскиот бисер туку за градот Охрид, за целиот регион и нашите културно историски споменици. Ние 15 години ги менуваме локациите некогаш Залив на коските, Самоилова тврдина, Антички театар денес на Долна порта за да го афирмираме како туристички потенцијал и културен историски музеј. Нашите добри дела не само дарувањето бисери, туку услугата во сите сектори допринесуваат за една поголема реклама и збогатување на посетеноста на градот Охрид и Македонија“, истакна Михајло Филев изработувач на охридски бисери.
-„Традицијата продолжува бидејки имаме голем ефект а тоа пред се се задоволни туристи, а ке речам од економска гледна точка добри почестени убаво туристи ќе однесат убав глас дома и ке ни направат најубава реклама“, вели Љупчо Јузмески туристички водич.
Туристките презадоволни од гостопримството и дарежливоста на добрите домаќини.
– „Се заблагодарувам на Филев, многу сум пријатно изненадена не сум за прв пат овде, веќе четврт пад доаѓам и псотојанос е враќам затоа што е прекрасно овде“, вели туристка од Хрватска.
-„ Преубаво е се, навистина сум возбудена не очекував вакво изненадување, се ми е преубаво Охрид. Посебна енергија е овде во Охрид овде луѓето се со отворено срце и ве примаат со цело срце“, вели туристка од Охрид.
Воодушевени од природните и културно историските убавини на Охрид гостинките деновиве ке уживаат во празничниот викенд во Охрид.