Утре навечер (19,30) во хотелот” Београд” во Струга, ќе биде промовирана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски, “Татковиот анманет”, издадена од Здруженето за литература,култура и наука “Бран” од Струга..
Димче Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата од престижната поетска манифестација “Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
Уредник на изданието е Борче Панов, додека профсор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.
Промотори на збирката ќе бидат професор д-р Христо Петрески, кој ја напиша и рецензијата зан јнигата, каком и Мишо Китаноски и Веле Митаноски.
Покрај насловната песна, посветена неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните “Испустено огниште”, и “Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Конвски, потоа “Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната “Вака зјдвит сонцето во Струга”.
Рецензентото, Петрески, го претставува поетот Шипинкароски, како еден од новите современи македонски автори , кој, преку својата поетска книга “Татковиот аманет”, презентира поезија создавана во 2020 и 2021 година.
Во неговите свежи, доживеани и искрени песни, тој ја раздиплува целата своја интима, исполнета со немир, страст и пркос, пишува, мегу другото, професор д-р Христо Петревски, во рецензијата насловена „Чинот и радоста на создавањето”.
автор Веле Митаноски