Пуштена во употреба инклузивната соба во училиштето „Ванчо Николески“ во село Лескоец. Овој проект во голема мера може да помогне за давање поддршка на ученици кои имаат потреба од тоа.
-Инклузивното образование е квалитетен воспитно-образовен процес кој за СИТЕ деца, идни граѓани на инклузивното општество, значи присуство, учество и постигнување успех, согласно индивидуалните потенцијали.
Деца со посебни образовни потреби се децата со попреченост, но исто така, и тоа во многу поголем процент и сите други деца, кои од најразлични причини имаат потешкотии во учењето: со проблеми во однесувањетo;емоционални или здравствени проблеми; сериозни моментални состојби во семејството (болест, загуба, невработеност, преселба, развод, семејна дисфункционалност); бегалци… за кои се потребни соодветни дополнителни активности. Деца со посебни образовни потреби се и сите талентирани ученици за кои се потребни додатни активности, во зависност од областа за која се надарени.
Сите деца понекогаш имаат потреба од дополнителна или додатна поддршка, исто како и секој човек на планетава Земја. Инклузијата ни е потребна на сите. Некогаш даваме, а некогаш примаме поддршка. Затоа сме луѓе! Сите деца се еднакви, слични и различни – многу е важно да ја разбереме оваа три во едно вистина. ЕДНАКВИ се по правата, СЛИЧНИ по потребите и РАЗЛИЧНИ по своите потенцијали, интереси, желби…“, истакна во својот говор директорот Сашо Климоски.
Секое училиште треба да се стреми да ги подобри условите и инклузивното образование да не биде сон, туку реалност.
– Во иднина се надеваме дека покрај оваа инклузивна соба, ќе се направи уште повеќе за инклузивното образование, а посебно ќе се развива инклузивноста со вработување дефектоози, специјални едукатори, логопеди, во секое училиште. Ниеден наставник не е супермен кој може да работи сè. Секој е најкомпетентен за нешто, никој не е за сѐ. Системски пристап значи дека секое делче од целината на контекстот е ВАЖНО! Наместо делење, потребно е да множиме тимски успешни практики. На децата им се потребни алијанси кои околу нив ги креираат компетентни возрасни. Возрасните во „државата сме НИЕ“, кои мораат да работат ВО НАЈДОБАР ИНТЕРЕС НА СИТЕ ДЕЦА!Голема благодарност изразувам до Градоначалникот, господин Пецаков што ме постави на функцијата директор на училиштето, за да можам да ја реализирам секоја идеја која е во функција за подобрување на образовниот процес. Голема благодарност до господинот Гоце Крстаноски со кој заедно од идеја до реализација го реализиравме овој проект. Исто така им благодарам на NLB – банка кои целосно ја опремија оваа сензорна соба и до сите спонзори, додаде Климоски.
ФОТОГРАФИИ: