Светска недела на доењето

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата Хипомед, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1-ви до 7 август едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на Bempu Tempwatch алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката.

-Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. Организацијата Лулка ќе организира онлајн обука со стручни предавачи наменета за акушерки, медицински сестри, гинеколози/акушери, педијатри и доктори по семејна доење, за значењето на современата поддршка на доење во духот на Светската недела на доењето 2022. Потоа, ќе дистрибуира флаери за информирање на секоја породена мајка за значењето на доењето, со кратки основни упатства за доење и контакти каде може да добијат соодветни информации и поддршка по доаѓањето дома, се вели во денешното соопштение од Лулка.

Во август и септември, семејствата со предвреме родено бебе кои ќе ја напуштат Клиниката ќе добијат специјален уред (Bempu TempWatch) за контрола на температурата на предвреме роденото бебе, за поттикнување на кенгурирањето и на доењето. Оваа донација, обезбедена од компанијата Хипомед, е наменета за предвреме родените бебиња кои се испишуваат од одделението за неонатална интензивна нега на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, во соработка со Клиниката и организацијата Лулка.

-Преку едукација и трансформација низ повеќе сектори, може да направиме квалитетна промена и да обезбедиме поддржувачка средина, соодветни навремени информации за младите родители, кои се сѐ повеќе свесни за големите предности на доењето и сакаат да го дојат своето бебе, објаснува д-р Денис Ал Калили, претседател на здружението Лулка и доктор на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Директорката на Клиниката, д-р. Викторија Јовановска информира дека во рамки на одбележување на Светската недела на доењето, во соработка со организацијата Лулка, ќе спроведат едукација на кадарот за значењето на доењето во современ контекст, вклучително и за потенцијалните можности и мерки за заштита поврзани со КОВИД-19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани