СВР Охрид апелира: Не наседнувајте на измами преку повици од непознати лица

По случени неколку измами преку телефонски повик за наводно случени сообраќајни несреќи СВР Охрид повторно со аел до граѓаните:

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства. Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициската станица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани