СДСМ обвинува за негрижа за детските игрлаишта

ОО на СДСМ, преку соопштение за јавноста обвинува за негрижа за детските игрлаишта.

,,За вистински можности за правилен раст и развој на децата” гласеше ,,визијата” со која Пецаков и ДПМНЕ пред две години најавуваа градежен бум во областа на терени и игралишта за деца и млади.

И како добронамерени граѓани би дале громогласен аплауз на нивното ветување, бидејќи вистина децата се нашата иднина.

НО ! Неспособната локална власт предводена од ДПМНЕ ја уништува секоја добронамерна поддршка и верба која граѓаните им ја поклонаа.
Раскош на разочарување, наместо пофалба за сработеното.
И во оваа област; за жал, празни ветувања… разочарана е најсуптилната категорија луѓе.

Фактите говорат дека алчната Локална власт склучила Договор за јавна набавка со вртоглави 7.379.533 денари, или околу 120.000 евра поделени по ставки за:
– Реконтрукција на спортски игралишта и набавка и монтажа на детски реквизити на постоечки игралишта
– Изградба на детски и повеќенаменски игралишта.
Ова се пари од граѓаните, господо Локалци!!! Со намена за деца!!! А не за вие да шерифувате со нив и да манипулирате.

На што ли личат детските игралишта ?
Еве погледнете ги пример само овие во нас. Црногорци, Бараки, ул. Туристичка кај Окта, Лескајца…
И оние во детските градинки исто така!

Парите кои сте ги предвиделе се повеќе од доволно, а не да изгледаат игралиштата оскудни и без никаква радост за децата!!!

Ако и нив стигнавте да ги разочарате, тогаш дефинитивно го заслужувате епитетот најнеспособни, понеспособни досега немало, стои во соопштението на СДСМ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани