СДСМ: Отуѓување на градежно земјиште предвидено за спортско- рекреативен центар за охриѓани

СДСМ преку соопштението до јавноста обвинува дека се врши отуѓување на градежно земјиште предвидено за спортско- рекреативен центар за охриѓани.

Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид уште еднаш им покажува и докажува на граѓаните дека не поседува капацитет за домаќинско управување со Општината.
Градоначалникот Пецаков по втор пат пред советниците на општина Охрид им предлага да усвојат програма со која ќе им дадат право и можност да отуѓи дел од градежното земјиште лоцирано во просторот на поранешната касарна, стои во соопштението на СДСМ Охрид.

Програма за располагање со градежно земјиште се носи еднаш годишно и тоа на почетокот на календарската година.

Кога веќе не е донесена програма за оваа календарска година уште понејасно е зошто Пецаков инсистира истата да се донесе четири месеци пред крајот на оваа година или можеби на Пецаков доволно му се четири месеци да го отуѓи земјиштето. Програмите за располагање со градежно земјиште се носат врз основа на анализа и процена за дочгорочен економски развој, а не врз основа на лични мотиви за расипничко однедување со јавниот имот, пишува во соопштението.

Паралелно со намерата за отуѓување оваа локална власт издвојува 2 милиони и 6 илјади денари за изработка на Студија за технолошки-рекреативен развој на просторот во поранешната касарна. Овој податок е дополнителна потврда дека локалната власт е конфузна и контрадикторна без визија и сенс за продперитет и развој. На каков технолошко-рекреативен развој ке работи доколку го отуѓи земјиштето, прашуваат од опозицијата.

Затоа го повикуваме градоначалникот Пецаков да ја повлече оваа точка од дневен ред како беспредметна и неоправдана.Истовремено упативаме апел до сите советници во Советот на општина Охрид без разлика на нивното политичко убедување да немаат удел во расипничкото однесување на градоначалникот Пецаков, стои во соопштението на СДСМ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани