Седница на Националната комисија за Унеско

На денешната седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, во Владата на РСМ се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.
Комитетот го вреднуваше фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план.
Со цел создавање предуслови за имплементација на Стратегискиот план, Владата на Северна Македонија задолжи повеќе надлежни субјекти да преземат итни мерки за зачувување и ревитализација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.
Во согласност со заклучоците, информирав дека:
Министерството за култура, во соработка со Управата за заштита на културното наследство и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) веќе го објави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
Интензивно се работи и на текстот на Предлог-законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Управата за заштита на културното наследство, пак, веќе изработи Упатство за чинителите, односно имателите на заштитени добра во Охридскиот Регион со насоки за примена на мерките за заштита, што ќе биде објавено на веб-страницата на Управата.
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид изврши увид во заштитените културни добра и амбиенталните објекти и веќе работи на изготвување на приоритетна листа за отстранување на сите несоодветни инсталации и друга опрема што се поставени на заштитените културни добра.
На состанокот ги повикав министерствата за животна средина и просторно планирање, за транспорт и врски и за финансии, општините Охрид, Струга и Дебрца, ЈУ „Национален парк Галичица“ како и Хидробиолошкиот завод од Охрид интензивно и со заедничка посветена работа и реализација на заклучоците, сите заедно да придонесеме во зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, истакна министерката за култура.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани