Со делење едукативни флаери за подигнување на свеста денеска во Охрид беже одбележан Светскиот ден на органодарителството.
Од Здружението „Храбро срце“, поддржано во својата хумана мисија од голем број медицински лица, оценија дека се уште е ниска свеста кај народот и треба многу повеќе да се зборува за тоа за да се истакне потребата за дарување на органи.
Кога еден човечки живот згаснува најмалку што можеме да направиме е да го продолжиме животот на уште 7-8 или повеќе луѓе затоа што може да се донира и срцевина, коска или ткиво. Зошто да не направиме еден хуман чин каде што стотици луѓе би се спасиле со донирање органи и ткива, вели Васко Јолески, претседател на здружението „Храбро срце“.
Јолески им порача на властите да вложат повеќе средства и внимание во Државната Кардиохирургија, просторно уредување на истата и опремување со опрема оти, како што кажа, ги имаме најдобрите стручни лица во регионот кои се носат рамо до рамо со светските кардиохирурзи и лекари од таа област.
Насушно е потребно власта да инвестира во една национална кампања за подигање на свеста по примерот на политичките или другите кампањи кои и не се толку голем приоритет колку што е спасувањето на човечки живот, смета Јолевски.
Досега во земјава се направени шест успешни трансплатации на срце, многу повеќе трансплантации на бубрези а се започна и со трансплатација на коскена срцевина и коскени ткива. Кај сите овие случаи успешноста е скоро сто процентна, што спопред Јолевски е реткост во светот. Моментално околу 30 лица чекаат трансплантација на срце.
Здружението „Храбро срце“ неодамна ја доби битката за пациентите со механичка пумпа да бидат ослободени од партиципација и да добијат резервни батерии.
На денешниот настан писуствуваат и лекари од Охрид и струга и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.