Се одржа 10-тата седница на Советот за Развој на Југозападниот плански регион.
На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и Предлог -Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година.
Стана збор и за информацијата во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2022-2023, информација во врска со поптишаните договори за реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2023-2024.
На Седницата се одржа и презентација на предлог концептите за регионални проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2024-2025 година.
На 10-та Седница на Советот на Југозападниот плански регион сите точки од дневниот ред се усвоија едногласно од присутните членови.