Се уредува главниот канал за наводнување во општина Вевчани

Денес започнавме со реконструкција (бетонирање) на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.
Секојдневно сме сведоци на поплавени земјоделски површини и излевање на вода по улиците низ Вевчани поради дотраеноста на каналите за наводнување кои истовремено се користат и за одведување на атмосферски води.
Неопходна е нивна реконструкција со цел трајно подобрување на системот за наводнување и одведување на атмосферските води во Вевчани, информираат од општина Вевчани.
Нема опис за фотографијата.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани