Се чистеше дното на езерото во Трпејца

Голема количина отпад извадени од дното на езерото во Трпејца.

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при Општина Охрид, вчера се одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, информира градоначалникот Пецаков.

Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.

Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани