Скопјанка отворила фирма во Струга, а со податоците на вработените подигнала брзи кредити

Скопјанка отворила фирма во Струга, а со податоците на вработените подигнала брзи кредити.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје. Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари, стои во соопштението на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани