Слаб интерес за осигурување од елементарни непогоди

Слаб интерес за осигурување од елементарни непогоди во земјава. Климатските промени, поплави, пожари, земјотреси и невремиња покажаа дека има потреба од ваков тип на осигурување.
Иако земјава во последните неколку години беше погодена од невремиња, мал е растот на ваквите полиси. Тоа се должи на ниската свест и недоволната информираност на населението за условите во полисите.


Осигурувањето обезбедува поголема сигурност и подобар квалитет на живот, велат експертите.

Тоа осигурување за поплава за земјотрес , сега со климатските промени ни доаѓаат и други ризици нажалост се уште не можат граѓаните да ги антиципираат како голем проблем. Се надеваме дека со програмата што владата ја носи за делот на осигурување на земјоделието каде што партнерски ќе учествуваат компаниите заедно со владата осигурувањето кое ги покрива полава и град многу брзо ке се развијат“ -, вели Трајче Латиновски директор на Национално Биро за осигурување.


Слична е состојбата и низ европските земји. Експертите потенцираат дека е потребно приближување на осигурувањето преку едукација на јавноста за предностите и поволностите.

Многу е тешко да ги убедиме луѓето да се осигураат, бидејќи никој не сака да размислува за ризици. Луѓето забораваат да купат осигурување од елементарни непогоди. Ситуацијата е иста и во Белгија, како и во Северна Македонија. Тоа е проблем што го имаме и треба да ги едуцираме граѓаните да бидат посвесни за ризиците, вели Карел Ван Хуле експерт за осигурување од Белгија.


Природните катастрофи и елементарните непогоди се сурови потсетници за тоа колку е важно да се заштитат граѓаните од овие ризици, кои што ги загрозуваат животот, здравјето и имотот. Обемот на осигурување е секогаш поголем веднаш по некоја природна непогода.

Social profiles