Со донација на Почесниот конзулат на Србија ќе се реконструира кровот на болницата Свети Еразмо

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“  ќе го санира кровот со помош на донација од Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид .

„Подготвивме една донација која ќе ја намениме зареконструкција на кровот од болницата кој е во очајна состојба, веќе повеќе од 50 години е дисфункционален. Тоа ми беше и целта, како општетствено одговорна личност да помагам пред се за граѓаните. Оваа болница е многу битна во поглед на развојот на град Охрид од туристички аспект и услужување на туристите. Се што можеме секогаш ќе помагаме и ќе се бориме да придонесе за граѓаните на Охрид. “ вели Михајло Филев, почесен Конзул на Р. Србија во Македонија.

Од болницата изразија благодарност за донацијата за која истакнаа дека е значајна бидејќи околу 3.000 квадрати од кровната конструкција не се реновирани од самото поставување на павилјонскиот дел од болницата.

„Се е во функција на пациентите. Ние сме регионален центар. Се надеваме дека за брзо ќе може да се пушти и делот кој веќе седум години се  реновира, за да бидеме подготвени што повеќе пациенти да прифатиме и да им помогнеме. 2:25 ++ 2:28Годишно во амбулантскиот дел имаме 45 илјади прегледи, околу 1500-2000 операции. Овие неколку години сме малку лимитирани заради просторниот капацитет со реновирањето, но се надеваме дека пружените услуги  ќе бидат двојно зголемени по пуштање во употреба на делот кој се реновира.“ – вели доктор Огнен Шешоски, ортопед.

Специјализираната болница во елективната програма опслужува  пациенти од цела Македонија, а како трауматолошки центар го покрива цел југозападен регион, со популација од над 300 илјади жители.

На сите дами вработени во болницата Св Еразмо,  Михајло Филев по повод денешниот празник 8-ми Март им подари  охридски бисери од Фамилија Филеви.

Извор ТВМ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани