Синоќа, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев е демолиран.
Споменикот, кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.
Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот, напиша на својот фејсбук профил проф. д-р Анис Сефиданис.