Изминатава туристичка сезона беше поуспешна во однос на претходните две, кои минаа во рестрикции и ограничувања за време на пандемијата. Ова е заклучокот на туристичките експерти кои деновиве се дел од Меѓународната научна конференција за туризам и угостителство што се одржува во Охрид.
Враќањето на туризмот на старите патеки, сепак се очекува од следната 2023 година.
Ова е најдобра година од почетокот на пандемијата јас очекувам до крајот на годината да имаме околу 2,5 милиони ноќевања тоа беше и очекувањето за оваа година. Ако продолжат состојбите да се вака поволни следната година чекувам да го достигнеме оној број од 32, милиони ноќевања којшто го имавме во 2019 година и да го оствариме оној финансиски бенефит од 400 милиони евра приход од туризмот. Охрид мислам добро ја обработи сезоната многу добро е тоа што се организираат нови настани како вино фест се најавува и пиво фест. Тие настани имаат за цел да ја прошират сезоната, вели професрот Цветко Андреески декан на ФТУ.
Најголемиот проблем за стабилизирање на туристичко угостителската индустрија се должи на енергетската и финансиската криза, сметаат експертите.
Иако ни се чинеше дека ќе продолжиме онаму каде што застанавме во 2019 година се чини дека темпото на продолжување односно враќање во нормала е отежнато, брзината со која би се развивале понатамошните збиднувања, односно прилики и неприлики во туризмот е навистина со едно бавно темпо. Пред се поради енергетската криза, кризата со војната во Украина, но и можеби вештачки генерираните сосотојби се соочуваме со оргомна инфлација не само во нашата држава, туку и во светски рамки. Туристите се со се поплиток џеб ги користат основните услуги ретко се решаваат да одат на екскурзии и разно разни активности кои се нудат, вели Климент Наумов професор по туризам.
Туристички експерти од Европа и САД деновиве ќе ги изложат своите трудови, ќе разменуваат искуства за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор како најпогоден во пандемијата.
Новина Рсоња Рилковска