Учениците од Охрид ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

Во деветте основни училишта во Општина Охрид ќе се одржат работилници против врсничко насилство што ќе ги овозможи Макпетрол во својата општествено одговорна кампања. Изминатиов период Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од активностите на Крени глас против врсничко насилство. Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија во кампањата против булингот. „Макпетрол“ и Општина Охрид потпишаа меморандум за соработка.

 

Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
– Чувството на одговорност кон заедницата, искрената желба да придонесеме за нејзиниот развој, се само дел од мотивите поради кои што решивме да ја отпочнеме и да ја реализираме оваа кампања. Децата и младите, особено нивните потреби и предизвици, дефинитивно беа клучни во одлуката која е областа што токму ним би им помогнала или би им била пречка да се развиваат. Проценивме, а тоа е нешто што е потврдено и во многу земји надвор од Македонија, дека врсничкото насилство за нив е реален проблем и дека поддршката на овој план ќе им биде од голема помош. Особено ни е драго што во сето ова се пронајдоа и ни се приклучија голем број општини и образовни институции од сите делови од земјава. Веруваме дека преку соработката со нив, не само што ќе го кренеме интересот, туку и на најмладите ќе им овозможиме платформа за едукација и комуникација во врска со проблемот со булингот – вели членката на управниот одбор и директорка во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани