Четворица битолчани истепале охриѓанец.
На 11.09.2022 година во 22,30 часот во СВР Охрид, приведени се Д.Т.(33), К.К.(39), Ѓ.С.(26) и И.В.(39), сите од Битола. кои, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички го нападнале А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.