Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистриранизанаетчии(Категорија 2) на подрачјето на општина Охрид, со бр.08-7805/8од 08.06.2022 година, општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на регистрирани занаетчии (Категорија 2) на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година.
Предмет на Јавниот повик е субвенционирање на занаетчии регистрирани во Регионалната занаетчиска комора, за набавка на репроматеријали, алати или машини потребни за вршење на дејноста. Висината на субвенциите за оваа категорија е максимални 50.000 мкд. 2.Право на учество на јавниот повик имаат: – Сите регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран на подрачје на Општина Охрид (Опинчари, Четкари, Свеќари, Чевлари, Изработка на хартија, Клучари и РТВ маеханичари.) – Занаетчии кои имаат намирени обврски кон Општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходната година заклучно со датата на поднесување на барањето – овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат. – Започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии). – Новорегистрирани занаетчии кои добиле еднократна парична помош за регистрирање на дејност преку овој Правилник.