На репертоарот повторно хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“

Повторно на барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот во деновите 14-ти (четврток) и 15-ти (петок) март 2024 година, со почеток во 20.00 часот цена на карта 250 денари, мала сала!
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Напомена: Билетите се пуштаат на билетара во понеделник 11.03.2024 година, од 09.00 до 19.00 часот. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН (една личност може да купи најмногу 6 карти) Ви благодариме за разбирањето!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани