104 граѓани казнети за неносење заштитни маски

Само во Охрид казнети 34.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-23, Кичево-28, Дебар-19).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани