Се полни општинската администрација со партиски кадри, обвинуваат од опозицијата. Нови вработувања во општината, во јавните претпријатија и охридскиските училишта се предизборно задоволување на партиските апетити, сметаат опозиционерите.
Вработените немаат ниту столче, ниту услови за работа, а администрацијата ќе се трупа и идната година. Наместо по препораките да се работи на ефективна администрација, општината има пренатрупана и неефективна на секое ниво, вели Пецаков.
– Видете толку вработувања наназад статистика може да ви извадат и претставува класично партиско полнење со кадри на институциите во локалната самоуправа. Која е реалноста или која е потребата тоа да го прават освен задоволување на одредени партиски интереси. Истото го имаме и следната година повторно во буџетот се предвидени вработувања за што ќе реагираме на следната седница секако со амандмани“, рече Перчо Божиноски портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
– „Работа на опозицијата е да обвинува“, возврати градоначалникот Константин Георгиески.
„Во однос на школите за да има едно вработување добиваме ние согласност и од министерство за образование, и од информатичко општество. Што се однесува до тие десет огласи што се во општина Охрид исто така се по систематизација. Голем дел се з внатрешни вработени, интерни унапредувања и сето тоа е по планот. Ние имаме уште слободни места за 2021 година кои ни следуваат по систематизација“, рече Георгиески.
Педесеттината вработувања се во Градски Пазар, Билјанини извори, Градски Гробишта, две основни училишта и во општина Охрид,
Новинар Соња Рилковска
