11 лица не ја почитувале забраната за движење

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, (06/07.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Струга-2, Кичево-2, Дебар-7).

Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, полициските службеници констатирале 105 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-49, Струга-28, Кичево-20, Дебар-08)). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Во посочениот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 184 лица (Охрид-79, Струга-87, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-51, Струга-53, Кичево-17). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 123 лица (Охрид-31, Струга-38, Кичево-14, Дебар-40). Врз овие лица, извршени се 87 контроли (Охрид-30, Струга-19, Кичево-8, Дебар-30). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 94 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-34, Струга-29, Кичево-20, Дебар-11).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани