13 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Полни 13 години емисијата „Охриде не бери гајле“ е верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.

 

Стандардната екипа составена од Жанко Зш Голабоски и Тони Ангелески – ДЏ Џомба, заедно со остатокот од утринската екипа Даниела и Реџо се тимот што годиниве наназад им посакува добро утро на слушателите на охридското Супер радио и им ја нуди најдобрата музика.

– Полни 13 години не бериме гајле сите заедно на Супер радио. Секој работен ден имаме супер позитивно утринско дружење со многу забава добра музика и позитивна мисла. Целта секогаш ни е позитивно да им почне денот на сите наши слушатели. Овие 13 години кои се зад нас имавме многу спонзори и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме уште многу години со исто темпо, вели Жанко.

За техничкиот облик на емисијата „Охриде не бери гајле“ е задолжен Тони Џомба. Тој открива дека секојдневно комуницираат со слушателите ширум светот, благодарение на интернетот.

На прагот на 26-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен дневен досег од 8,82% и неделен од 13,24%, односно со зголемување од 1,32%, Супер радио и во првиот квартал од 2018 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Social profiles