131 лице од регионот заболени од корона вирус

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините во кои делува Центар за јавно здравје Охрид (Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа), а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци и информации за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

 

За период од 24 до 30 април 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 31 лица, во општина Струга и Вевчани 42 лица и 3 лица, во општина Дебар и Центар Жупа
– Од вкупно земените материјали, 64 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 20, Струга и Вевчани 41, Дебар и Центар Жупа 3), а 12 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 11, Струга и Вевчани 1)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на COVID-19 кај ниту едно лице, 11 лица од општина Струга се позитивни на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19
– Само едно лице позитивно на COVID-19 од Струга е хоспитализирано
– На домашно лекување се 8 пациенти од општина Струга и 1 од општина Дебар и Центар Жупа
– Оздравени пациенти од општина Охрид се 5, а од општина Струга се 30.
– НЕМА починати пациенти во ниту една општина во дадениот период.
– Под 14-дневен здравствен надзор ставени се 96 лица од општина Струга и Вевчани и 4 лица од општина Дебар и Центар Жупа
До денес лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 131 лице од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 66 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
До денес оздравени пациенти од Охрид се 6, од Струга се 25, а од Дебар и Центар Жупа се 44 пациенти

До денес НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 12, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Потребна е претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Апелираме на сериозно почитување на мерките и препораките од надлежните установи и правилна употреба на заштитна маска. Грижете се за своето и здравјето на другите.
ОСТАНЕТЕ ДОМА!

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани