Екологистите алармираат: Продолжува узурпацијата во струшко

Продолжува узурпацијата на охридското крајбрежје. Екологистите со остра реакција, велат се користи вонредната состојба и полицискиот час да се узурпира педа повеќе на брегот на Охридското езеро.

Се бетонираат приватни плажи, се подигнуваат платформи, мостови ,се градат објекти,  локации на брегот на езерото се оградуваат со огради,  се граби секој метар квадратен,  алармираат екологистите.

Не се почитува морториумот за градба, што  е на сила , ниту препораките на УНЕСКО.  Наместо да се уриваат дивоградбите,  никнуваат нови.

 „Имаме забележано доста индивидуални куќи, иамаме забележано поголеми градби кои наликуваат на спортски сали кои може да се користат за свадби. Со една обиколка во крајбрежието може да се забележи таа градежна активност. 00135 „Упатуваме апел надлежните органи да излезат на терен да ја утврдат состојбата на лице место и да реагираат“,  вели Григор Ќато  од невладината „Доста“.

Атрактивните локациии секогаш биле на  мета на моќниците, кои го менуваат ликот на автентичните  села на брегот на Охридското езеро. Најкритично е  од Радожда до Елен Камен и од Калишта кон градот  Струга.

– „Се гради многу се гради. Има многу однадвор од струшка околија некои помоќни лица купуваат места си градат куќи. Да има и узурпирано. Ви кажав откупуваат места и се прошируваат одат кон езерото“, вели еден жител на Радожда.

Од општина Струга велат дека не се запознаени што и кој гради поради ситуацијата  со корона кризата, но во најбрз можен рок ќе извршат инспекциски надзор.

Во последниот извештај УНЕСКО констатира дека охридскиот регион  се соочува со несоодветна градба,  експлоатација на брегот на езерото и уништување на животната средина и заради тоа  го стави на листата загрозено културно наследство.

Во мај се очекува инспекторите на Унеско , кои извршија мониторинг во февруари ,  да дадат своја оценка во поглед на спроведувањето на препораките.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани