Видео: Расчадени варници го загадуваат регионот

Густ црн чад полн со токсини, деновиве повторно, дење и ноќе се издига во атарот на Лескоец.

Дваесеттина варници се активни и разгорени кај селата Лескоец и Скребатно и се вистинска еколошка бомба за регионот. Пламените јазици и густиот црн чад, се издигаат од оџаците на земјените печки и се рак рана по здравјето на околното население. Деновиве, повеќе жители од овие подрачја, алармираат и оправдано реагираат на неподносливоста од чадот и отровните честици што значително го деградираат кислородот поради што чувствуваат и отежнато дишење. Велат, свесни се дека варџиството е единствена егзистенција за одредени луѓе, но тоа не им дава право, во процесот на печење вар да користат стари гуми од автомобили, камиони па дури и ѓубре, и така да го загадуваат воздухот, шумата и другата во изобилие вегетација, но и водата. Тоа е еколошка катастрофа, сметаат. Објаснуваат дека најстрашно е што високотоксичниот воздух е канцероген, го отежнува дишењето и го уништува здравјето на луѓето. Граѓаните од овој регион ни кажаа дека во неколку наврати апелирале до надлежните инспекторати и до општината и побарале итно да преземат мерки и да ги заштитат од загадувањето. Велат резултати нема а густиот црн чад полн со токсини, продолжува деноноќно високо да се издига над жителите од овој охридски регион, да труе и загадува.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани