Чулев ги посети карантините во охридско-струшко

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера  ги посети сите полициските пунктови во охридско- струшкиот регион. 

Чулев беше во посета и на хотелите државни карантини.

Во хотелот „Дрим“ во Струга , кој е најголемиот  државен карантин  во земјава се сместени  двесте лица од највисоко  ризичните подрчаја.- „Моментално во хотелот Дрим има повеќе од двесте граѓани кои се додјени од Италија и ќе бидат 21 ден во државен карантин со оглед на високиот ризик на регионот од кој доаѓаат“, рече министерот Наќе Чулев.

На сите граѓани и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи Министерот Чулев им го честиташе Меѓународниот ден на трудот, 1 мај. „Полициските службеници со својот труд и со својата посветеност покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионализам и во целиот изминат период застанаа на првата линија, успешно превенирајќи го понатмошното ширење на коронавирусот во нашата држава.“, истакна Чулев. 

Во врска со вчерашниот инцидент со хуманитарните пакети во Струмица, Чулев најави  истрага од страна на внатрешната контрола .

„Со цел да се отстранат сите сомневања  околу почитувањето ан интерните прописи и закони  ангажран  е одделот за внатрешна контрола и криминачистички ситраги кој во најкраток период е го испита постапувањеото  на  полициските службеници и ќе се разјаснат сите недоумици во донос на постапувањетона полициските службеници“,  додаде Чулев.

Случајот со хуманитарните пакети  доби политички предзнак. Од СДСМ обвинија дека Чулев и ВМРО  скандалозно се обиделе да попречат хуманитарна акција за помош на илјадници загрозени семејства. Додека од Вмро Дпнмне возвратија  Заев со поткуп се обидувал  да тука избори за фотелја.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани