131 во изолација и 24 во самоизолација во Охрид

Во Струга има 114 во изолација и 58 во самоизолација.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие (13/14.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-75, Струга-21, Кичево-23, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19.
На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 278 лице (Охрид-131, Струга-114, Кичево-33). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 166 контроли (Охрид-102, Струга-46, Кичево-18). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 146 лице (Охрид-24, Струга-58, Кичево-17, Дебар-47). Врз овие лица, извршени се 101 контроли (Охрид-24, Струга-13, Кичево-17, Дебар-47). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 60 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-02, Струга-12,Кичево-34, Дебар-12), информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани