Во Струга погреб на позитивен од корона вирус без протоколи

На струшките гробишта денес се извршил погреб на починат од корона вирус, без да се запазат протоколите за погреби од ваков тип.

Погребалниот оператор „Спокој –  Петрушевски“ го зел пациентот од Инфективното одделение во Охрид, а во документацијата била наведена причина за смртта и нагласено дека е земен брис за анализа , бидејки починатиот бил сомнителен на корона вирус. Денес брисот му е потврден починатиот бил позитивен на корона вирус. 

Операторот спротивно на законот организирал погреб со одар и изложување на покојниот. Според очевидците  на одарот присуствувале четириесеттина луѓе, а имало и служба. 

Погребите на починатите пациенти кои биле заразени со корона вирус се спроведуваат под специјален протокол. Покојникот се обвива  во чаршафи од хлор, па се става во лимен ковчег. Погребот се извршува веднаш без присуство на луѓе. 

Операторт не ги запази протоколите а со тоа ги доведе во  опасност сите присутни на погребот; велат за Охриднет стружани, кои од свои причини сакаа да останат анонимни. 

Од Одделението за заразни болести во Охрид   потврдија дека починатиот бил позитивен на корона вирус, а погребалното претпријатие не постапило по протоколот. 

-Починатиот  роден 1950 година беше позитивен на корона вирус. Ние ја известивме и полицијата, државниот санитарен инспекторат д се запазат сите протоколи за погреб на починат од корона вирус, вели Јованка Коровешоска епидемиолог од Охрид.  

Од капелата на струшките гробишта за Охриднет велат дека пациентот не бил потврден заразен со корона вирус, па затоа тие дозволиле изложување и користење на капелата. 

-Намалени се одарите, од два часови на триесет минути, без служба без пеење и без служба во капела. Се врши редовна дезинфекција, се носат  скафандери и  маски.На погребот имаше присуство и на полиција“, велат од капелата.  

Забрането е изложување ако се работи за заразен пациент за тоа се поднесува кривична пријава. За овој случај биле информирани и ценатрот за јавно здравје,  Санитарната инспекција и полицијата. 

Се бара одговорност за погребалниот оператор кој постапил спротивно на законот, со што го загрозил здравјето на граѓаните. 

новинар Соња Рилковска 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани