18 угостители од Охрид го пречекориле работното време

Полицијата во соработка со Дражавниот пазарен инспекторат учествуваше во вкупно 1.543 контроли во угостителски објекти при што констатирани се вкупно 22 непочитувања: 18 на територијата на СВР Охрид и 4 при СВР Струмица.

Истовремено, како што потенцираше министерот Чулев, во посчениот период издадени се вкупно 1648 решенија за изолација и потпишани се 584 изјави за самоизолација, а МВР извршило вкупно 8701 контрола по основ на самоизолација и на изолација.

“Бројките кои претходно ги споменав говорат за исклучително голем обем на работа и исклучително високата посветеност од страна на полициските службеници. И токму таа посветеност наместо да биде соодветно валоризирана многу често е злоупотребена во политички цели. Дозволете ми на денешната прес конференција да апелирам до јавноста, но и сите политички структури во државата да се воздржат од неосновани напади кои нанесуваат штета на полицијата“, нагласи Чулев.

Охрид е на врвот и по казни  непочитување на носење на заштитна опрема.

Во однос на уредбата за задолжително користење на заштитна опрема, според презентираните бројки, констатирани се вкупно 1777 непочитувања на истата, најголемиот дел од нив на подрачјето на СВР Струмица каде што констатирани се 417 непочитувања и на подрачјето на СВР Охрид – 356. Вкупната бројка на констатирани непочитувања на оваа уредба до сега е 8.180 и за сите тие случаи како што посочи Чулев, се изготвени соодветни поднесоци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани